Голманот на Шахтјор Доњецк, Дмитро Ризник, доби дополнителен повик од селекторот на украинската репрезентација, Ребров за престојниот меч со Македонија во квалификациите за ЕП 2024 година.
Тренерскиот штаб на репрезентацијата на Украина реши да го повика Ризник откако Андриј Лунин заработил повреда на грбот за време на тренинзите во тимот на Реал Мадрид. Инаку, Ребров во репрезентацијата за мечот со нашата репрезентација дополнително го вклучи идефанзивецот на Днипро-1, Александар Сватко.
Украина викендов ги започна подготовките во Прага, каде ќе ја пречека и Македонија в сабота од 15 часот.