Напаѓачот на Гостивар денеска во една од скопските приватни болници беше подвргнат на операција на десното колено, станува збор за рскавицата. Според неговите зборови за „СпортСпорт“ операцијата минала успешно а тој добро се чувствува.
Следува пауза од еден месец а потоа одличниот напаѓач пак ќе се врати на тренинзи и се разбира на натпреварите на Гостивар. Тим кој што во последните три меча освои 7 бодови и полека но сигурно покажува дека има намера во оваа сезона да се најде најмалку во средината на табелата.