Кристијано Роналдо иако има 38 години сепак и натаму нема намера да оди во фудбалска пензија. И со оглед на годините, тој инатаму ги “брка“ сите можни рекорди, како со репрезентацијата на Португалија така и со својот тим Ал Наср.
Инаку последните информации од С. Арабија велат дека Кристијано Роналдо велат дека тој има намера да игра фудбал се до 2026 година, односно Мундијалот,кој ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, да биде негов последен настап во фудбалот. Токму затоа и побарал од Ал Наср продолжувањена договорот зошто сака на СП 2026 да игра за својата Португалија како играч на Ал Наср.