УЕФА го одложи мечот Израел – Швајцарија

77

Европската фудбалска унија (УЕФА) го одложи натпреварот меѓу репрезентациите на Израел и Швајцарија од квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Секако, причината е војната во Израел по ненадејната воена офанзива на палестинскиот исламистички Хамас.

„Со оглед на актуелните безбедносни услови во Израел, УЕФА одлучи да ги одложи сите натпревари во следните две недели во таа земја. Новите датуми ќе бидат потврдени во догледно време“, се вели во соопштението на УЕФА.

Натпреварот меѓу Израел и Швајцарија од седмото коло од групата „И“ требаше да се одигра во четврток во Тел Авив.

ПретходноПознати се добитниците од првото коло во „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА“
СледноУбиен тренерот на младите категории на Хапоел Тел Авив