Калин преку Гојовчик до пласман во осминафиналето во Братислава!

113

 

Калин Ивановски, нашиот најдобар тенисер, попладнево на Челинџерот во Братислава со 2:0 во сетови славеше во 1/16 финалето против Петер Гојовчик од Германија. Со овој триумф Македонецот се пласираше во осминафиналето на силниот турнир во главниот град на Словачка.

Во првиот сет се играше тајбрејк кој Калин го доби 7:3, додека во вториот сет нашиот тенисер одигра уште подобро и успеа со 6:2 во гемови да го добие за конечни 2:0 во сетови.

Инаку мечот траеше точно еден час и 19 минути.

ПретходноСтанковски: Молдавија е најважниот меч за нас во овие квалификации
СледноВиталиј Миколенко: Против Македонија ќе играме со нова тактика!