Ајакс е во невидена криза, старт кој не се памети во последните децении и децении. Цела фудбалска јавност во Холандија е на нозе, посебно фановите на најтрофејниот клуб во таа земја и четирикратен некогашен европски првак.
И нормално, странците се најмногу виновни, така и Марко Ван Бастен, иконата на Ајаксм на фудбалска Холандија и фудбалска Европа.
Тој имаше само критики за Јосип Шутало кој ова лето направи рекорден трансфер од Динамо Загреб во Ајакс.
А еве што за Хрватот кажа Ван Бастен:
“Нивото на кое играчите на Ајакс се навистина е ужасен. Не верувам дека нешто брзо може да се промени. Јас не знам кој е лидер на тимот. Инаку погледнете го само Јосип Шутало, па тојне знаени збор англиски или холандски“.










