Загревање со Текбол, а потоа се тегнеше јажето за Украина! (ВИДЕО)

330

Интересно беше на денешниот тренинг на нашите репрезентативци во пресрет на саботниот дуел со Украина во Прага. Прво “рисовите“ се загреваа со Текбол, а на една маса беше и селекторот Милевски, кој заедно со Елмас одиграа партија против Чурлинов и Џани. Проследивме супер потези од сите четворица.

Нешто подоцна се тегнеше и јаже, тука беа само играчите, да покажат сила, да покажат одлучност што треба да ги краси во сабота во Прага. Најважно од се е тоа што атмосферата е фантастична, работна. Како што и доликува на нашите најдобри фудбалери.

ПретходноЏани Инфантино го прими претседателот на ФФМ, Сејдини и делегација на Фудбалската федерација!
СледноСевиља го објави името на новиот тренер