Сака отпадна за Австралија и Италија

81

Играчот на Арсенал, Букајо Сака нема да може да им помогне на неговите соиграчи од репрезентацијата на Англија за претстојните мечеви против Австралија односно Италија поради повреда.

Тој настрада на последниот меч за својот тим, па селекторот Саутгејт го повика за двата меча, но со предзнак дека мора да биде прегледан од лекарскот тим на репрезентацијата.

Откако истиот утврди дека Сака не може да настапи, тој е ослободен од обврските. Англија игра против Австралија пријателски меч на 13 октомври, а четири дена подоцна против Италија во рамките од квалификациите.

 

ПретходноСтефан Ашковски: Позитивна мисла, борбеност, добра мотивација…тоа е најважното за мечот со Украина!
СледноДе Лаурентис: Му се јавив на Луис Енрике во јуни, за наша среќа тој го одбра ПСЖ, погледнете ги неговите резултати во Париз!