Виталиј Миколенко: Против Македонија ќе играме со нова тактика!

118

Во сабота во Прага, во меч од квалификациската група – Ц за ЕВРО 2024, нашата репрезентација и гостува на Украина. Екстремно важен меч, како за нас така и за Украинците. Инаику како што се подготвуваат избраниците на Благоја Милевски, така тоа истото го прават и момците на украинскиот селектор Сергеј Ребров.

Во пресрет на саботниот меч, свој коментар има Виталиј Миколенко, дефанзивецот на Украина:

Се подготвуваме, од утре почнуваме со анализата на нашиот противник. Кога играше Македонија со Италија теренот беше многу лош, ние кога игравме во Скопје не беше таков, но Македонија ни зададе многу проблеми, имаше и водство, но сепак ние на крајот победивме, но беше тешко. Секој играч и стручниот штаб ќе извлечат поуки од таа средба во Скопје, јасно е дека ние во сабота против Македонија ќе играме со нова тактика“ рече покрај другото дефанзивецот на Евертон.

ПретходноКалин преку Гојовчик до пласман во осминафиналето во Братислава!
СледноПу, пу не важи: УЕФА ја откажа одлуката за враќање на руските младински селекции во нејзините натпреварувања!