Еден Азар, во свое време, кога играше во ПЛ, секако дека беше еден од најдобрите фудбалери во светот.Челзи него долго ќе го памети и како мега – ѕвезда тој се пресели во Реал Мадрид.
А таму ништо од него. Бројните повреди едноставно не му дозволија да го прикаже она што го може.
Денеска Азар објави дека става крај на својата кариера, по тој повод многумина во фудбалскиот свет се јавија да кажат нешто, а Реал Мадрид како клуб просто го понижи својот некогашен член.
Само со две реченици во официјалното соопштените се прости од од Еден Азар:
“Реал Мадрид искажува благодарност и почит за играчот кој за четири години освои ЛШ, клупско СП, европски суперкуп, два шпански суперкупа, двапати беше шампион во Ла Лига и освои еден Куп на кралот. Му посакуваме на Еден и неговото семејство се најубаво во иднината“…и толку.










