Пу, пу не важи: УЕФА ја откажа одлуката за враќање на руските младински селекции во нејзините натпреварувања!

111
ФОТО: UEFA.COM

 

Како што пренесува агенцијата АП, УЕФА ја симнала точката од дневен ред на која требаше да се одлучува за тоа дали на младинските селекции на Русија ќе им се дозволи враќање на натпреварите во рамкитена УЕФА.

Причината била, барем официјално, УЕФА не можела да најде технички протокол за вклучување на Русија, односно нејзините репрезентации во европските натпреварувања.

Па така тоа значи дека и натаму селекциите на Русија ќе бидат во аут, веројатно додека трае агресијата на таа земја врз Украина.

Инаку познато е дека дури 12 земји, меѓу нив и влијателни федерации, јавно кажаа дека тие ќеги бојкотираат натпреварите на кои ќе играат и Русите.

ПретходноВиталиј Миколенко: Против Македонија ќе играме со нова тактика!
СледноСтефан Ашковски: Позитивна мисла, борбеност, добра мотивација…тоа е најважното за мечот со Украина!