Роналдо ги израдува шеиците со својата нова одлука!

507

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо нема намера да ја промени средината. Новинарот Али Ал-Харби открива дека Португалецот сака да игра на СП 2026, па пред да одлета и да се приклучи на својата национален тим имал состанок со раководството на клубот за неговата желба да склучи договор до 2027 година. По завршување на истиот ѕвездата на светскиот фудбал ќе се пензионира како играч на „шеиците“.

Роналдо минатата зима ја мина во Ал-Наср како слободен играч откако го напушти Манчестер Јунајтед во спектакуларен скандал.

Сезонава Португалецот на 11 одиграни натпревари во сите натпреварувања постигна 11 гола и запиша 6 асистенции. Ал-Насер моментално е на третото место во Саудиска Арабија и има 19 бода по девет кола.

ПретходноБарселона не може да си го дозволи Меси
СледноПораката со Путин која беше пресудна за отказот: Да живееше долго! Србите и Русите – браќа засекогаш!