Дефанзивецот Хари Мегваер изјави дека се радува на Европското првенство 2028 кое ќе се одржи во Обединетото Кралство и Ирска.
„Се надевам дека ќе играм на Европското првенство кое ќе се одржи на домашен терен. Сакам да бидам дел од тимот, но ако не тогаш сигурно ќе бидам на трибини со пријателите со пиво во раката. Од секогаш сум бил фан на англискиот национален тим и убаво е што повторно ќе организираме првенство бидејќи ја обединува целата нација“, изјави Мегваер кој има 59 настапи за „Гордиот Албион“.
Мегваер е цел на критики во последните сезони, тој летоска беше пред трансфер во Вест Хем но тоа не се случи. Остана на „Олд Трафорд“ и не е првотимец.