ТФТ претрпе втор убедлив пораз во АБА 2 лигата

102

Екипата на ТФТ денеска го претрпе и вториот пораз на стартот на сезоната во регионалната АБА 2 лига. На дуелот со екипата на Широки, ТФТ немаше сили за изненадување и на крајот загуби со 85:66.

Ова е втор пораз за тимот предводен од Боро Смилковски по оној на стартот од екипата на Златибор. Јасно е дека ТФТ има проблеми на играчи план, затоа што на овие први два меча не можеше да смета дури на тројца кошаркари од ростерот.

На денешниот дуел со Широки, Хаутон со 15 поени беше најефикасен кај нашиот состав, додека кај Широки, Натали заврши со 35 поени.

ПретходноРакометарките ја „демолираа“ селекцијата на Азербејџан на стартот од квалификациите за ЕП (ФОТО)
СледноАнчелоти откри кои се неговите фаворити во Лигата на шампионите оваа сезона