Бугарскиот тенисер Григор Димитров се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Шангај откако го изненади големиот фаворит Карлос Алкараз со 2:1 (5:7, 6:2, 6:4).
Бугарскиот тенисер кој во последно време ретко успева да стигне до завршницата на големите турнири, овој пат во Шангај игра одлично. Во осминафиналето го урна Карлос Алкараз со пресврт, што не е лесно да се направи против Шпанецот кој моментно важи за еден од двајцата најдобри тренисери на планетата.
Тој го одигра еден од своите најдобри натпревари во последните години, всушност од 2021 година и Индијан Велс кога стигна до полуфиналето. За противник во четфртфиналето ќе го има Николас Гери.