Екс-репрезентативец на Англија потпиша за Лутон до јануари

454

Крилниот фудбалер Андрос Таунсенд ќе игра за новакот во Премиер лигата, Лутон таун откако денеска потпиша краткорочен договор до јануари идната година. Таунсенд е без клуб од летоска кога го напушти Евертон, а 32-годишниот екс-англиски репрезентативец беше пред трансфер во Барнли меѓутоа клубот се откажа затоа што се потпре на развој на млади фудбалери.
„Никогаш не сум помислил дека еден ден ќе го носам дресот на Лутон. Но ете се случи. Мило ми е што повторно ќе играм во Премиер лигата. Ќе пробам да помогнам со своето искуство и ентузијазам, ќе одговорам максимално на барањата на тренерот“, изјави играчот кој 13 пати играше за Англија, а последен пат во 2016 година.
Лутон е на 17 место на табелата со една победа од осум кола.

ПретходноКонте не е спремен за работа, Наполи го повикал Лопетеги
СледноМегваер се надева дека ќе игра на ЕП 2028