Ериксен со објаснување зошто Тен Хег не се потпира на него

1481

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен има објаснување зошто Ерик тен Хаг го држеше на клупата во последните недели. Данецот започна неколку натпревари по ред во август и септември, но во последно време не е во стартниот тим. Пред неколку дена на натпреварот против Брентфорд, Ериксен влезе во игра на полувремето, на местото на Касемиро.

„Мислам дека треба да го прашате тренерот што мисли. Имавме проблеми со повреди во одбраната. Примивме премногу голови. Минатата недела бев болен, но сега сум добро. Моето тело е добро и сакам да го играм секој натпревар. Ако ги погледнете натпреварите, се гледа дека Хаг се потпира на малку поинаков тип на фудбалер од мене“, изјави Ериксен.

Тренерот на „црвените ѓаволи“ стартуваше со Амрабат и Касемиро против Брентфорд, додека Ханибал против Галатасарај во Лигата на шампионите. За промената на паузата во последниот натпревар и вклучувањето на Ериксен Тен Хаг објасни:

„Сакав повеќе фудбал. Дечко кој може да помине, дистрибуира и поврзува игра. Затоа го ставив Ериксен на местото на Касемиро“.

ПретходноГотово е: Се продава Манчестер Јунајтед за цена од 6 до 10 милијарди евра!
СледноЗа утре е најавен штрајк на контролорите за летање, но авионот со нашата репрезентација сепак ќе полета за Прага!