За утре е најавен штрајк на контролорите за летање, но авионот со нашата репрезентација сепак ќе полета за Прага!

452

За утре од 11 до 17 часот е најавен штрајк на контролорите на летање на скопскиот и охридскиот аеродром.Па така постоеше опасност чартерот со нашата репрезентација, полеттувањето е закажано за 16 часот, да не полета.

Сепак договорено е да се направи отстапка, контролорите на летање ветуваа дека авинот со нашата фудбалска репрезентација ќе полета од Скопје за Прага како што е предвидено и дека нема да има никакви проблеми.

Мечот Украина –Македонија се игра во Прага во сабота со почеток од 15 часот.

ПретходноЕриксен со објаснување зошто Тен Хег не се потпира на него
СледноДимитров со пресврт го елиминираше Карлос Алкараз