Конте не е спремен за работа, Наполи го повикал Лопетеги

345

Антонио Конте ја отфрлил понудата за тренерска позиција во Наполи, па алтерантивно решение на италијанскиот шампион е шпанскиот тренер Јулен Лопетеги. По отказот на Руди Гарсија, Наполи е во потрага по нов стратег, а првиот човек на клубот Аурелио де Лаурентис го повикал Конте, но добил негативен одговор. Конте сакал да се одмори од тренерската работа и да се посвети на фамилијата.
Наполи разгледува други опции, меѓу нив и Лопетеги, кој беше селектор на Шпанија, а работеше во Севиља како и во Вулверхемптон од каде си замина во август.
Претходно се споменуваше дека Игор Тудор е меѓу кандидатите за тренер на Наполи.

ПретходноПо ПСЖ, Галтие ќе води клуб од Катар
СледноЕкс-репрезентативец на Англија потпиша за Лутон до јануари