А-репрезентацијата на Македонија полека ги привршува подготовките во Скопје пред саботниот дуел со Украина во Прага. Селекцијата утре заминува за чешката престолнина, а денеска ги одржа и последните тренизни пред патувањето.
Напашачот на нашиот национален тим, Бојан Миовски, по попладневниот тренинг ги сподели своите очекувања од саботниот дуел.
„Имавме позитивни резултати на последните два меча со Италија и Малта. Има една одлична атмосфера и треба да го задржиме тој моментум и да го искористиме на најдобар можен начин. Играме со Украина во еден од најбитните натпревари во оваа група. Ако победиме ќе ги закомпликуваме работите во групата, и секако имаме шанси за тоа второ место во групата. На секој меч целиме на победа на три бода, но тоа што се случува на терен не можеме секогаш да биде како што треба. Но, се надевам дека сите што е истрчаат на терен ќе бидат сплотени како екипа, ќе дадеме се од себе да го израдуваме македонскиот народ. Сега сме фокусирани само на овој натпревари и на овие три бода“, вели Миовски.