Олександар Сваток: Македонија е многу силна репрезентација!

165

Подготовките во таборот на Украина во пресрет на саботниот квалификациски меч со Македонија се интензивираат. И Украинците, како и нашите фудбалери, знаат дека овој натпревар во Прага, во рамките на квалификациите за ЕВРО 2024 е екстра значаен.

Олександар Сваток, дефанзивецот на Украина со респект говори за нашата репрезентација:

“Репрезентацијата на Македонија е многу силен противник. Тоа го видовме на првиот меч во Скопје, да не говорам како Македонците одиграа против Италија. Тоа е квалитетен тим составен од добри играчи. Јасно е дека не очекува тежок натпревар во сабота“ рече покрај другото Сваток.

Претходно“Фантоми Север“ ја “запалија“ Гевгелија! (ВИДЕО)
СледноНено со еден најубавите потези на колото во ВТБ лигата! (ВИДЕО)