Пелистер победи во продолжение за прва македонска радост во АБА 2 лигата

181

Кошаркарите на Пелистер ја обезбедија првата радост за македонските кошаркарски преставници во АБА 2 лигата. По стартните порази кои во минатите два дена ги претрпеа ТФТ и МЗТ Скопје А., Пелистер по едно продолжение успеа да го скрши отпорот на словенечки Шенчур и да ги прокнижи првите бодови во јадранското друштво.

Пелистер на крајот славеше со 82:78 во меч во кој одигра одлично прво полувреме, и втор дел во кој Словенците успешно ја намалуваа разликата за на крајот да се потрудат да го внесат мечот и во дополнителни минути за игра. Сепак, Пелистер во завршницата ја имаше сигурната рака на Најдовски и Бернард кои во најважните моменти од средбата успеаја да ја задржат минималната предност и да ја обезбедат победата за „зелено-белите“.

Илиевски со 22 и Бернард со 21 поен беа најефиканските во составот на Пелистер денеска, додека добра партија имаа и Најдовски со 12 и Стојановски со 8 поени. Кај екипата на Шенчур со 22 поени, Ѓапа доминираше на паркетот.

Следниот меч за Пелистер е в петок, македонското дерби со екипата на МЗТ Скопје А.

ПретходноЅвездите на Реал се “сиромаштија“ во однос на тоа колку заработуваат Роналдо, Нејмар, Бензема и останатите во С. Арабија!
СледноРаботнички го совлада Кожуф на мечот за 100-годишнината на гевгеличани