Ракометарките ја почнуваат „битката“ за ЕП 2024, Азербејџан е шанса која не смее да се пропушти

207

Патот на македонската женска ракометна репрезентација за пласман на историското Европското првенство следната година кое ќе биде прво со 24 учесници стартува денеска. „Црвено-жолтите“ со нов предводник на клупата, Кристијан Грчевски, ќе се обидат да дојдат до нов пласман меѓу најдобрите европски селекции.

Ракометарките пред себе имаат голема шанса да го оставарат големиот сон. Најдобрите две пласирани репрезентации од осумте групи ќе обезбедат пласман на ЕП 2024 година, а ќе има место и за четирите најдобро третопласирани земји.

Шампионатот ќе се одржи во три држави, Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Македонија квалификациите ги отвара против Азербејџан на домашен терен. Мечот се игра денеска (18 часот) во малата сала „Јане Сандански“, влезот е слободен (ќе има директен пренос на МРТ).

Двете репрезентации се имаат сретнато четири пати, Азербејџан еднаш славел против Македонија во 2002 година кога и првпат ги одмериле силите, додека остнатите три средби завршиле во корист на „црвено-жолтите“.

Противникот на Македонија никогаш не заверил место на ЕУРО, во квалификациите за ова натпреварување е од 2016 година.

Ова ќе биде одлична шанса за вовед на квалификациите. Нашите девојки имаат поголемо искуство, во 2022 година беа дел од ЕП на кое ко-организатор беше и РФМ.

Во рамките на ЕХФ неделата е предвиден уште еден натпревар против Литванија на гостински терен на 15 октомври.

Во групата 5 се наоѓа и селекцијата на Шпанија која е фаворит за првото место.

ПретходноНајубавата фудбалерка во светот добила неморална понуда од познат фудбалер
СледноМеси и Роналдо повторно во иста лига?