Рафа сакаше да сокрие, директорот го „издаде“

1292

Рафаел Надал ќе игра на Австралија опен, потврди директорот на турнирот Крег Тајли. Шпанецот, 37-годишниот кој има освоено 22 грен слем титули, нема играно тенис од јануари и се повреди во второто коло на Австралија Опен. Оваа година тој беше подложен на операции.

„Можеме ексклузивно да откриеме дека Рафа ќе се врати. Разговаравме неколку пати во последните неколку дена и тој ми потврди дека се враќа. Возбудени сме поради неговото доаѓање, одлично е“, рече Тајли.

Надал, за многумина најдобриот тенисер на сите времиња заедно со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, ќе може да игра на Австралија опен благодарение на заштитениот пласман. Поранешниот светски тенисер број еден сега е само 240. на АТП-листата. Тој претходно изјави дека следната година ќе му биде последна во професионалниот тенис.

ПретходноБурак Јилмаз е нов тренер на Бешикташ
СледноНајубавата фудбалерка во светот добила неморална понуда од познат фудбалер