Со гол во последната секунда Бутел славеше во Неготино

95

Екипата на Бутел во драматична завршница со гол на Владимир Јефтиќ во последните секунди славеше со 22-21 на гостувањето кај Вардар Неготино. Домашниот тим имаше предност од 20-18 во 56 минута, а гостите успеаја да го свртат резултатот во своја корист. Кај Вардар најефикасен беше Адамовиќ со 11 гола, а кај Бутел Филип Николов даде 8 гола.
Прилеп и Голден Арт одиграа без победник 28-28. Кај Прилеп најефикасни беа Кастратовиќ со осум и Шабановиќ со пет гола, а кај Голден Арт Тоше Ончев даде осум гола.
А тимот на Охрид им се врати на победите. По поразот од Тиквеш, Охриѓани на свој терен го совладаа новакот Аеродром со 21-23. Во таборот на победникот Орјоникидзе и Стоилевски реализираа по шест гола, а кај Аеродром, Наум Костов постигна осум.

ПретходноАнчелоти откри кои се неговите фаворити во Лигата на шампионите оваа сезона
СледноМитревски и Порто убедливо поразени во Веспрем