С. Арабија добива конкуренција: Австралија и уште три земји од Азија со заедничка кандидатура за СП 2034?!

127

Пред два дена и официјално С. Арабија се пофали дека доставила кандидатура до ФИФА за организирање на СП 2034 година. Познато е колку оваа земја во последно време вложува во фудбалот, милијарди и милијарди, па затоа се смета дека истата е голем фавори за домаќин на овој Мундијал.

Но, последните вести од Австралија говорат дека оваа земја, заедно со уште три земји од Азија, а тоа се Малезија, Индонезија и Сингапур ќе достават до ФИФА заедничка кандидатура за организирање на Мундијалот 2034 година.

Од ФИФА се вели дека тој Мундијал во секој случај ќе биде организиран на тлото на Азискиот континент.

ПретходноЧаби Алонсо од јуни во Реал, необичната клаузула од договорот со Леверкузен му го овозможува тоа!
СледноЅвездите на Реал се “сиромаштија“ во однос на тоа колку заработуваат Роналдо, Нејмар, Бензема и останатите во С. Арабија!