Екипата на ТФТ денеска го претрпе и вториот пораз на стартот на сезоната во регионалната АБА 2 лига. На дуелот со екипата на Широки, ТФТ немаше сили за изненадување и на крајот загуби со 85:66.
Ова е втор пораз за тимот предводен од Боро Смилковски по оној на стартот од екипата на Златибор. Јасно е дека ТФТ има проблеми на играчи план, затоа што на овие први два меча не можеше да смета дури на тројца кошаркари од ростерот.
На денешниот дуел со Широки, Хаутон со 15 поени беше најефикасен кај нашиот состав, додека кај Широки, Натали заврши со 35 поени.