Одбојкарските на Работнички со втор пораз ги завршија европските настапи сезонава. На реванш-средбата со романскиот тим Лугој која се одигра денеска, нашите шампионки повторно загубија со максимални 3:0 (25:8, 25:15, 25:10) со што ги завршија настапите во ова европско клупско натпреварување.
И пред двомечот, Работнички знаеше дека романскиот состав е голем фаворит, а тоа го потврди и на двете средби, особено на денешниот дуел во кој доминираше во секој поглед од играта на теренот. За нашите шампионки овие два меча се одлично искуство, со оглед на големата пауза која нашите женски одбојкарски тимови ја направија од европски настапи изминативе години.
И на денешниот дуел со Лугој најдобра поентерка кај Работнички беше Тамара Стојанова која заврши со 7 реализации.