Чаби Алонсо од јуни во Реал, необичната клаузула од договорот со Леверкузен му го овозможува тоа!

369

Деновиве се погласни се шпекулациите или информациите од Шпанија, дека наследникот на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид ќе биде Чаби Алонсо. Познато е дека тој со Леверкузен како тренер прави чуда, но проблем било тоа што Алонсо има договор со клубот од Бундеслигата до 2026 година.

Но и тоа не било проблем,како што велат најновите информации. Имено Чаби Алонсо имал чудна клаузула во договорот со Леверкузен која вели дека може предвреме да си оди само ако добие повик да биде тренер на Реал, Ливерпул и Баерн Минхен.Клубови во кои тој играше во својата долгогодишна фудбалска кариера.

Интересно, значи Чаби Алонсо во јуни седнува на клупата на гигантот од Мадрид.

ПретходноДимитров со пресврт го елиминираше Карлос Алкараз
СледноС. Арабија добива конкуренција: Австралија и уште три земји од Азија со заедничка кандидатура за СП 2034?!