Иако се најавуваше дека УЕФА, и покрај тоа што нивната земја ја нападна Украина, на младинските селекции на Русија ќе им овозможи настап во европските натпреварувања,сепак не дојде до тоа.
Се најавуваше бојкот од голем број земји членки на УЕФА, па таа одлука вчера беше откажана,односно не ни беше ставенана дневен ред што се вели.
Андриј Шевченко, иконата на фудбалот во Украина не го криеше своето задоволство и искоментира:
“Ја поздравувам одлуката на УЕФА да не се размислува за враќање на младинските селекции и клубови од Русија во европските натпреварувања. Возраста воопшто не е важна кога станува збор за правда на глобално ниво. Ова е мал,но важен чекор.Им благодарам на сите кои учествуваа во овие во овие преговори. Ние продолжуваме да ги браниме интересите на Укрина на меѓународна сцена“ заклучи Шевченко.