Екс-тренер на МЗТ Скопје седна на клупата на тимот на Јокиќ

501

КК Џокер кој во сопственост на српскиот кошаркар Никола Јокиќ има нов тренер. Тоа е Жељко Лукајиќ, кој со овој потпис се враќа во кошаркарската лига на Србија. Овој стратег е добро познат и за македонската јавност, го предводеше МЗТ Скопје во периодот од 2017 до 2018, освои пехар во Купот на Македонија.

Причината за поставувањето на Лукајиќ е лошиот старт на КК Џокер, има два порази со над 100 примени коша.

„Ќе се обидам да ви се заблагодарам за пречекот со мојата работа, бидејќи тоа е пред се сечија желба и цел, а исто така моја обврска е да се обидам со моето искуство и знаење да помогнам една убава приказна, која ја започнаа луѓе од кошарката и кои сакаат да направат нешто и да го претстават овој прекрасен град, да тргнат по вистинскиот пат и нагорна линија. Она што ме радува и што ме натера лесно да ја донесам оваа одлука е начинот на кој е организиран клубот и комплетните услови Условите кои особено ми се допаѓаат се децата, селекција, доведување и правење играчи“, рече Лукајиќ по пристигнувањето во Џокер.

ПретходноМеси и Роналдо повторно во иста лига?
СледноНов скандал во Јувентус, фудбалер се соочува со тригодишна суспензија поради обложување!