Мегваер се надева дека ќе игра на ЕП 2028

53

Дефанзивецот Хари Мегваер изјави дека се радува на Европското првенство 2028 кое ќе се одржи во Обединетото Кралство и Ирска.
„Се надевам дека ќе играм на Европското првенство кое ќе се одржи на домашен терен. Сакам да бидам дел од тимот, но ако не тогаш сигурно ќе бидам на трибини со пријателите со пиво во раката. Од секогаш сум бил фан на англискиот национален тим и убаво е што повторно ќе организираме првенство бидејќи ја обединува целата нација“, изјави Мегваер кој има 59 настапи за „Гордиот Албион“.
Мегваер е цел на критики во последните сезони, тој летоска беше пред трансфер во Вест Хем но тоа не се случи. Остана на „Олд Трафорд“ и не е првотимец.

ПретходноЕкс-репрезентативец на Англија потпиша за Лутон до јануари
СледноКил го суреди и Киелце за „четири од четири“