Ал Духаил од Доха одлучил да го именува Кристоф Галтие за нов тренер на екипата. Според новинарот Фабрицио Романо, 57-годишниот француски тренер веќе потпишал договор со катарскиот клуб, а засега не се познати условите од договорот.
Заедно со Галтие во катарскиот клуб ќе работат Жоао Санкраменто и Тиери Олексиак како асистенти.
Галтие беше без клуб откако беше отпуштен од Пари Сен Жермен, па сега ќе работи на Блискиот Исток. Во Ал Духаил играат Кутињо, Ибрахим Диало и Рубен Семедо.