Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) во малата сала „Јане Сандански“ ги почнува квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.
На стартот „црвено-жолтите“ ќе ги одмерат силите со Азербејџан, а додека четири дена подоцна и гостуваат на Литванија. Покрај овие две селекции во нашата група се наоѓа и фаворитот Шпанија.
Крстијан Грчевски, кој ќе дебитира на селекторското место го одбра составот за денешната пресметка.
Во составот ја нема Јована Мицевска, на голот со Кипријановска ќе биде Амра Терзиќ, додека пак во составот се враќа Андреа Седлоска. На оваа средба нема да настапи и Гичевска, Дабевска, Маџовска, Миновска и Коцева. Тимот ќе биде предводен од Сара Ристовска, која и оваа сезона ја почна одлично, тука е Елена Ѓоргиевска и Јована Садовска.