Ракометарите на Струга обезбедија вредна победа на мечот од 6. коло во домашното првенство, откако попладнево го совладаа вториот тим на Е. Пелистер на домашен терен со 23:21. За битолчани ова беше четврти пораз во серија сезонава со што се чувствува кризата која го зафати младиот состав на „зелено-белите“.
Одличен меч кај Струга имаше Бошњак кој средбата ја заврши со осум постигнати гола. По четири погодоци имаа Костоски и Јанкуловски. Кај гостите за издвојување е настапот на Калајџиовски кој заврши со шест погодоци.