У19: Елмас постигна евро-гол, Македонија слави над Полска (ВИДЕО)

5910

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 19 години на фантастичен начин го почна квалификацискиот турнир во полскиот град Торун. Попладнево во првиот квалификациски дуел против домаќинот на турнирот, избраниците на селекторот Тони Јакимовски славеа со 2:0 и ги прокнижија првите бодови во групата во која претходно Германија со 6:0 го победи Казахстан.

Македонија одигра извонреден меч и поведе со голот на Величковски во 12. минута. Полскаците добија шанса да израмнат и тоа со удар од белета точка во 27. минута. Сталмах биеше, но Џеков успеа да одбрани и да не дозволи Полска да го израмни резултатот.

 

Во второто полувреме иако домашните притискаа, ние со едно ремек-дело на младиот Мухамед Елмас во 70. минута ја запечативме победата.

Во второто квалификациско коло, кое е на програмата на 14. октомври во 15:30. играме против моќната репрезентација на Германија. Во последното коло ќе се соочиме со селекцијата на Казахстан, на 17. октомври во 15:30.

ПретходноСтруга му го нанесе петтиот пораз на Е. Пелистер 2
СледноРадуловиќ: Ваква победа е послатка