Шпанскиот шампион Барселона им спреми рестрикции на фудбалерите поради зачестените повреди во екипата. Моментално бројот на повредени се искачи на шест, двајца веќе се во „аут“ за „Ел Класико“ на 28 октомври (Френки де Јонг и Жил Кунте), двајца се неизвесни Левандовски и Рафиња, а останатите двајца се со полесни повреди (Педро и Јамал) и се очекува брзо да се вратат на тренинзи.
Поради паузата поради квалификациските средби Барселона се уште има грижи за повреди на уште некој фудбалер – репрезентативец, па поради алармантната ситуација од клубот преземаа мерки за контрола и превенција.
Од доаѓањето на Чави, работата на докторите, тренерите и масерите е зголемена. Мора да се напомене дека на играчите со договор им е забрането да учествуваат во активности кои се сметаат за ризични, без разлика дали се во екстремни случаи како скокање со падобран или планинарење или во помалку ризични, како возење велосипед.
Сега покрај овие активности, ограничени се и спортските активности надвор од тренинг комплексот, односно кошарка, играње тенис, пинг понг, теретана или џогирање без дозвола од лекарскиот и тренерскиот тим.
Многу играчи имаат теретани во своите домови, па дури и имаат приватни инструктори кои ги надгледуваат нивните рутини за да и дадат „плус“ на нивната физичка работа. Од клубот, потенцираат дека работните обрасци што ги имаат се повеќе од доволни за исполнување на целите и дека нема потреба дополнително да ги исцрпуваат мускулите (токму мускулните повреди се честа појава во екипата).