Висар Муслиу: Не криеме дека во Прага одиме на победа!

231

Во сабота со почеток од 15 часот, нашата најдобра фудбалска репрезентација и гостува на селекцијата на Украина во меч од квалификациската група – Ц за пласман на ЕВРО 2024.

Оптимизам владее во нашиот табор, тоа најдобро се отсликува од изјавата на Висар Муслиу, еден од нашите најдобра фудбалери без кого нашата одбрана не може да се замисли.

Во пресрет на саботниот дуел со Украина, Муслиу истакна:

“Во нашата група секој натпревар и тоа како е важен. Кога ќе видиш противниците каков квалитет имаат тогаш секоја победа би била добредојдена за нас. Ние не криеме дека во Прага одиме на победа и се надевам дека ќе ги освоиме трите бода.Она што беше не може да се врати, квалитетот што го имаме секако дека ни дава за право да одиме на победа и три бода“ заклучи нашиот дефанзивец.

ПретходноРеал Мадрид мисли на иднината – го задржува најдоброто
СледноНајмалите фанови од градинката “Буба Мара“ со поддршка за репрезентативците на Македонија!