Алкалоид без мака го доби Тиквеш и остана перфектен

818

Дербито на седмото колото во групата А му припадна на Алкалоид, на домашен терен го совлада Тиквеш со 30-22. Вицепрвакот дојде до седмата победа во низа и се издвои како лидер во оваа група. На оваа средба немаше некоја неизвесност, бидејќи домаќинот го наметна своето темпо од стартот, но и беше многу подобро подготвен од својот противник.

Џонов и Бинго имаа по пет гола, Трајкоски запиша 12 одбрани. На другата страна Симиќ имаше четири погодоци.

Избраниците на Кирил Лазаров беа подобар противник, па токму затоа и заслужено се радуваа на бодовите. Отворија со 5-1, беше и 6-2. Во продолжение одржуваа позитива од три до четири гола. Со два гола во низа доближија на 12-10, но Алкалоид одговори за 14-10. На одморот беше 14-11.

Во второто полувреме вицепрвакот поведе и со плус пет 21-16 и 22-17. На средината на овој дел Џонов промаши од седум метри за плус шест, но веќе следниот напад Алкалоид успеа да дојде до оваа разлика (23-17). Ова беше период во кој Симиќ доби две минути исклучување по неговиот груб старт врз Серафимов.

На нецели девет минути до крајот, домашниот состав ја најави победата, поведе со највисоки плус седум (26-19). Најголемата предност беше девет гола.

Сега и двата тима ќе се свртат кон европските обврски, кои ги чекаат. Алкалоид во вторник ја пречекува Војводина во ЕХФ Европската лига, додека пак ГРК Тиквеш е домаќин на Кремс, дуелот се игра во недела.

ПретходноЛетонија ги урна надежите на Ерменија за ЕП 2024
СледноЗагреб извади реми со Алборг, Колштад го растури ПИК Сегед