Четвртото коло во ракометната Лига на шампиони се комплетираше. Барселона остана непоразена во групата Б, откако го совлада ГОГ на домашен терен со убедливи 38-30. Оваа средба беше решена уште по првото полувреме по кое шпанскиот гигант имаше позитива од 20-11.
Вториот дел им припадна на гостите (18-19), но тоа ниту одблизу не беше доволно за нешто повеќе, па мораа да се помират со првиот пораз оваа сезона. Дика Мем со десет гола беше лидер кај победникот.
Во истата група Магдебург убаво се намачи за да дојде до победата број два, беше подобар од составот на Висла Плоцк на гостински терен со 26-28. Бундес-лигашот во самиот финиш успеа да го „скрши“ отпорот на противникот со два гола во низа поведе со 25-28, доволно за мирен финиш.
Во оваа група А, лидер е Барселона, по што следат Веспрем и Гог со шест бода, по четири имаа Магдебург, Монпеље и Порто, додека пак Висла и Целје ги чекаат првите бодови.