Карим Бензема го изненади Реал Мадрид и целиот фудбалски свет кога ова лето донесе одлука да си оди од Шпанија и својата кариера да ја продолжи во Ал Итихад. Иако имаше договор со „кралевите“, сепак замина на Блискиот Исток, а сега откри и зошто.
Во поголем дел од ваквите примери како него пресудни се парите, особено кога станува збор за фудбалери кои се во годините на Французинот.
„Како муслиман, кога сте во Мека се чувствувате спокојно. Станува збор за исклучително место, тука сум мирен“, рече Бензема, кој уверува дека неговиот живот во С.Арабија е одличен поради културата, религијата на земјата како и поради доброто однесување на луѓето кога ќе го сретнат на улица или пак на некој стадион каде ќе игра.
Саудиска Арабија е муслиманска земја. Ме дочекаа со раширени раце и веднаш се почувствував сакан“.
Новиот член на Ал Итихад, исто така откри дека неговата цел е да и помогне на оваа земја во развојот на фудбалот.
„Кога започна фудбалскиот проект во С.Арабија, се чинеше како голем во секој поглед, па сакав да бидам дел од сето тоа, едноставно да и помогнам на оваа земја да напредува“.
Тој во ниту еден дел од интервјуто не зборува за парите како причина за заминувањето од Реал.
„Тука има многу страст и задоволен сум од квалитетот на играта. Навистина сум изненаден од нивото во С.Арабија“.
На крајот тој истакна дека е среќен и горд на сето она што го напавил со Реал Мадрид, но веќе дошле време за промена.