Ете и тоа го има во светот на богатите или пребогатите. Поранешниот газда на Формула 1, милијардерот Берни Еклстоун и официјално ја признал вината дека затајувал данок, и сега треба да плати фантастични 756 милиони евра. На оваа сума се додадени сите можни камати, инаку главнината е околу 460 милиони евра.
Еклстоун кој има 92 години, изненадувачки ја признал вината на суд, а бил обвинет поради одредени сметки во банките во Сингапур.
Инаку сето ова се случувало во периодот од 1994 до 2022 година.
Па, зарем е можно. Да имаш милијарди и милијарди и да не плаќаш данок.