Ракометарите на Загреб направија изненадување играјќи нерешено 30:30 против еден од главните фаворити во групата „А“ во која се наоѓа и нашиот првак Е. Пелистер. Хрватскиот шампион на домашен терен извади реми против еден од двата најдобри тимови во групата во меч во кој одиграа одлично и во двете полувремиња.
Срна со 7 и Кларица со 6 гола беа лидери во домашниот состав, каде Тимур Дибиров имаше 5 реализации. Кај екипата на Алборг со Хансен со 6 гола беше најефикасен.
Во вториот меч од оваа група одигран попладнево, Колстад го декласираше ПИК Сегед со 37:24. Норвежаните со триумфот над ПИК Сегед се вратија во победнички ритам, откако во претходните две кола беа поразени од Загреб и Киелце.
Јохансен и Лисе со по 8 гола беа најефикасни во победничкиот тим, додека кај ПИК Сегед, Габер, Гарсианциа и Бодо постигнаа по 5 гола.