Им донесе тројна круна па доби отказ

1085

Челниците на фудбалскиот клуб Ал Духаил од Доха немаа трпение за аргентинскиот стручњак Ернан Креспо. Популадниот Валданито пролетта му донесе на тимот тројна круна, а во новата сезона со освојување на само еден бод од две кола во групата на Азиската Лига на шампиони доби отказ.
Креспо го предводеше Ал Духаил до шампионската титула на Катар, потоа националниот Куп и Старс купот но тоа не беше доволно. Ремито со таџикистанскиот Истикол и поразот од иранскиот Персеполис ги изнервира сопствениците.
Челниците одлучија негов наследник да биде Кристоф Галтие кој имаше неславна разделба со Пари Сен Жермен. Галтие потпиша договор со осумкратниот катарски шампион.
Дебито на Французинот на кормилото ќе биде на крајот на овој месец кога Ал Духаил ќе игра против Ал Наср на Роналдо, Мане, Брозовиќ во 3.коло на ЛШ.
Во домашниот шампионат Ал Духаил е на четвртото место со 10 бода од пет кола, три помалку од лидерот Ал Сад.

ПретходноАлбанија ита кон ЕП, Шпанија најде лек за Шкотска, Турците славеа во Осијек (ВИДЕО)
Следно13.10.1993 – 13.10.2023: Првиот меч, првиот гол, првата победа на Македонија…и Чоко Бошковски! (ВИДЕО)