Интервју со Дарко Панчев: Треба да ти биде чест да играш за Македонија, а не да кажуваш – јас не играм додека е овој селектор !(ВИДЕО)

1295

Дарко Панчев, нашата фудбалска икона, фудбалерот на векот, за сајтот на Фудбалската федерација на Македонија, даде интересно интервју.Тој во него говори за почетоците на нашата репрезентација, за тоа како го доживува текот на времет,поточно од играчките денови во негово време и сега.

Секако дека има што да им порача на сегашните репрезентативци, на Елмас, потоа има свој став за селекторот Благоја Милевски.Има свој коментар и раководството на Фудбалската ферација на Македонија.

Покрај другото Панчев истакна:

„По тој период,мислам катастрофалниот пораз од Англија се случуваа неколку работи што не беа добри за соблекувалната.Некои играчи почнаа да си дозволуваат да дојдат до тоа ниво да кажуваат за тоа кој треба да биде тренер, а кој не. Секако дека тоа не е добро.Јас сум бил играч, јас сум бил капитен на репрезентацијата, никогаш не сум си дозволил да ми падне на памет да им кажам на овие од раководството на ФФМ, а бе знаеш кај сте го ставиле овој тренер, јас не играм додека е тој тука. Тоа е нешто нонсесн да размислуваш така, од каде тие идеи на тие играчи.Јас не разбирам навистина. Ти си викнат да играш за Македонија, треба да ти биде чест да играш за репрезентацијата“.

ПретходноПознати се составите на ПСЖ и Е.Пелистер за вечерашниот дуел во ЛШ!
СледноОлександар Пихаљонок: Украина е максимално подготвена за дуелот со Македонија!