Шесткратниот светски шампион во Мото ГП, Шпанецот Марк Маркез, следната сезона ќе вози за Гресини Дукати.
Маркез на крајот на сезоната ќе ја напушти Хонда со која го раскина договорот, откако освои шест титули и 59 победи.
„Возбуден сум поради новиот предизвик. Ова не е лесна одлука, бидејќи следува голема промена во секоја смисла. Но, понекогаш во животот е важно да се излезе од удобната зона и да се промени ритамот. Ќе мора да го сменам мојот стил на возење, кога станува збор за мотоциклот и нема да биде лесно. Но, сигурен сум дека целиот тим на Гресини ќе ми помогне“, изјави Маркез.
Сопственичката на Гресини, Надија Падовани, рече дека доаѓањето на Маркез е историски момент за тимот. Марк следната сезона ќе вози заедно со својот брат Алекс кој исто така е дел од Гресини.