Така се сака Македонија, така се дава поддршка за нашите најдобри фудбалери, така се почитуваат најдобрите фудбалери на Македонија.
Ова на најдобар можен начин го покажаа најмалите фудбалски фанови на Македонија, дечињата од градинката “Буба Мара“ од скопската населба Лисиче. Тие го посетија утринскиот тренинг на избраниците на селекторот Благоја Милевски и покрај дружењето не пропуштија да се фотографираат заедно со своите идоли.
Детски насмевки за дополнителен мотив пред дуелот со Украина.
Браво…така треба.