Никола Величковски: Празникот 11 Октомври ни даде дополнителен мотив да ја победиме Полска, чест и задоволство е да се игра за Македонија!

278

Вчера во првиот меч од квалификациите за елитната фаза, нашата У-19 репрезентација просто воодушеви со победата и пред се играта против Полска, инаку домаќин на турнирот. Победивме со 2:0, сега ни остануваат дуелите со Германија и Казахстан, потребна е една победа за да се пласираме во следната рунда.

Никола Величковски, нашиот напаѓач кој беше стрелец на првиот гол вчера, за „СпортСпорт“ изјавува:

„Игравме против екстра квалитетен противник кој е воедно и домаќин на овој турнир.  Нам ни беше важно да одиграме на потребното ниво за кое што знаевме дека имаме квалитет. Треба да се каже дека игравме на празникот 11 Октомври и тоа на сите нас ни даде дополнителен мотив. Бевме убедени дека ќе дадеме уште повеќе кога се игра на државен празник“.

Величковски не го крие своето задоволство од оваа голема победа:

“Одигравме супер. Среќен сум за голот и уште посреќен што Македонија победи. Сега не е време да се летне во облаци, напротив. Не чека меч со Германија, но уште поважно е како ќе одиграме против Казахстан, не криеме дека сакаме да го обезбедиме пласманот во следната рунда. Предводени од селекторот Тони Јакимовски и стручниот штаб подготвени сме за големи нешта. Дресот на Македонија да се носи и чест и огромно задоволство, но и одговорност, а ние со срце го носиме и секој патќе биде така кога ќе излеземе на терен“ заврши нашиот напаѓач, еден од најдобрите во генерација на играчи до 19 години.

ПретходноКалин поразен во осминафиналето во Братислава!
СледноПознати се составите на ПСЖ и Е.Пелистер за вечерашниот дуел во ЛШ!