Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев со победа ја отвори новата сезона во Словенија. Неговиот АЦХ Волеј, кој е бранител на титулата ја совлада Крка со 3:0 во првиот натпревар од националниот шампионат.
Домашните на овој меч настапија без повредениот Матиќ Видечник и Јани Ковачиќ и Данијел Кончиљо. Тоа не им пречеше на Никола и компанија, сепак да дојдат до убедлив триумф.
Нашиот рпрезентативен коректор средбата ја заврши со 12 поени.