Олександар Пихаљонок: Украина е максимално подготвена за дуелот со Македонија!

74

Како што во нашиот табор владее оптимизам во пресрет на саботниот дуел во Прага, така и во кај Украинците е голем оптимизмот. Се разбира дека ова е многу важен меч за двете селекции. Имено која ќе ги освои трите бода таа ги задржува шасните за второто место во групата – Ц, што значи и пласманна ЕВРО 2024.

Олександар Пихаљонок, фудбалерот на Дњипро-1, за тамошните медиуми  за дуелот со Македонија покрај другото истакна:

“Интензивно се подготвуваме веќе неколку денови. Ги анализравме последните мечеви на Македонија, така да сметам дека сме максимално подготвени. Тоје тимот на Македонија, како и на последните мечеви. Ние игравме пред неколку месеци во Скопје со таа селекција и знаеме против кого во сабота ќе ги одмериме силите. Ова е многу важен меч, треба да се одигра максимално. Планот е да се победи Македонија, сакаме шест бода во овие два меча во октомврискиот циклус“ заврши Пихаљонок.

ПретходноИнтервју со Дарко Панчев: Треба да ти биде чест да играш за Македонија, а не да кажуваш – јас не играм додека е овој селектор !(ВИДЕО)
СледноПовторно е распишана потерница за апсење на НБА ѕвездата за семејно насилство